Анастасија Деа Богдановска имаше повод за честење: „Дени си гази“ (фото)

popara22 јуни, 20212min0
dea

Македонската водителка и новинарка Анастасија Деа Богдановска во јули претходната година се реализираше во улогата на мајка.

Имено, таа и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски ја добија ќерката за која го одбраа името Дениција.

Oтогаш, Деа секој момент го посветува на нејзината наследничка, па целото време го поминуваат заедно.

Водителката на социјалните мрежи често знае да сподели фотографии од малата Дениција, да покаже како го поминуваат времето заедно, да уживаат заедно креирајќи спомени…

Неодамна, Анастасија на својот „Инстаграм“ откри дека нејзината наследничка веќе неколку недели јаде сама.

-Самостојното хранење ми беше желба уште додека бев бремена со неа. Многу читав за #blwи знаев дека ќе пробаме поради многуте позитивни страни, но секако не знаев дали Дениција ќе прифати“, напиша водителката.

Ќеркичката на Деа и Богдан наскоро ќе наполни една година, а сега новинарката имаше убави вести и повод за радување.

Како што обелодени на Инстаграм стори, нејзината ќеркичка веќе ги пуштила пуштила првите чекорчиња.

Имено, во кусите приказни објави фотографија од колачиња – стапалки кои се прват кога ќе прооди детето, а во описот напиша: „Дени си гази“.

Веруваме дека за Богдановска ова било убаво и емотивен момент како ги гледа првите чекори на своето чедо.

Лесни чекорчиња.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma