Анџелина без шминка, облечена едноставно, но поради овој детал, по долго време, изгледа навистина провокативно (ФОТО)

17 април, 2021
andjelina-dzoli-830x0

Познатата холивудска актерка и нејзината најмлада ќерка Вивиен сами уживаа во своето „мајка и ќерка“ време

Холивудската актерка и една од најубавите жени на Светот, Анџелина Џоли (45) беше фотографирана со нејзината најмлада ќерка Вивиен Џоли Пит (12) на улиците во Лос Анџелес во Лос Фелиз, а по тој повод, славната убавица не носеше градник.

Имено, Анџелина и најмладата ќерка сакаат да поминуваат време заедно, а овој пат беа да купуваат намирници, и тоа е едно од ретките излегувања на ова славно семејство за време на пандемијата на корона вирусот.

Анџелина и нејзините пет малолетни деца биле изолирани со месеци во нејзината луксузна вила во Хиден Хилс, каде до неодамна ги посетуваше само нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (56), се додека не се откри дека тој започнал врска со Никол Поторалски (27 ) со која брзо раскина.

Единствено најстариот син Медокс (19), кој е возрасен, веќе некое време е на Универзитетот во Јужна Кореја, така што не го гледа остатокот од семејството, а неодамна сведочеше против славниот татко затоа што имале физичка пресметка пред неколку години.

Анџелина и Вивиен сега уживаа во времето што го поминаа сами, а тие цело време се гушкаа и се гледа дека се многу блиски. Актерката изгледаше малку непрепознатливо со оглед на тоа што имаше црна заштитна маска на целото лице, а носеше и црн фустан до подот и црна јакна.

Не носеше градник под фустанот, па нејзините гради можеа да се видат на сонцето. Вивиен носеше бел дуксер, црни шорцеви и црни патики, а од време на време имаше намуртено лице.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris