АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ИЗГЛЕДА ПОДОБРО ОД БИЛО КОГА: Актерката заблеска во жолт фустан на забавата за 46-от роденден! (ФОТО)

popara7 јуни, 20211min0
221889_profimedia0476090172_ls

Овојпат заслужи чиста десетка за стилот

Анџелина Џоли синоќа го прослави својот 46-ти роденден, а за таа пригода избра фустан кој одлично ѝ прилега.

Во последно време актерката имавме можност да ја видиме во комбинации на црна облека, така што овој стајлинг е вистинско освежување. Не е ни чудо што доби неколку комплименти, а модните критичари ја наградија со чиста десетка.

Анџелина ја организираше прославата во ресторан во Лос Анџелес, со друштво на нејзините деца.

На излегување од ресторанот, папараците ја фотографираа, а многумина забележаа дека актерката едноставно блеска.

Овој пат, таа размислуваше за секој детал, па ја усклади маската со фустанот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma