Ања Ветерова сподели нежности во постела: Размена на бакнежи, прегратки и љубовни зборови: „Животот со тебе е многу поубав… Ај лав ју“ (ФОТО)

popara29 септември, 20218min0
veterova

Младата македонска пејачка Ања Ветерова живее на релација Македонија – Америка, каде е на музички студии на познатиот музички колеџ „Беркли“, сон кој уште пред две и пол години го реализираше. Пејачката повремено ги пакува  куферите и од  Бостон се враќа во Скопје и обратно, а сето тоа неретко го зачинува со споделени фотографии на социјалните мрежи.

Во јуни годинава, Ања летна од Скопје назад за САД, каде летото го мина во уживање и подготовки за новата студиска година потенцирајќи дека никој и ништо не може да ја спречи да го добие она што е наменето за неа. А и да го направи она што го наумила, бркјќи ги своите соништа.

И додека работи на случајт сонот да и се оствари, Ања реши повеќе да не биде осамена, па си најде добро друштво. Некој и нешто што ќе ја придружува, исполнува, ќе ги дели со неа и убавите и помалку убавите нешта, ќе споделува љубов и верност…

Но, ако некој помисли дека Ања Ветерова е вљубена, веројатно се излажал… Или можеби е во право, зашто целата љубов пејачката сега ја споделува со својата нова придружба! Само што оваа е не на две туку на четири нозе, не зборува туку лае, целата е рунтава и бескарјно убава, а љубовта максимално ја споделува со нејзината нова сопственичка.

„Дами и господа, запознајте ја Симба“ – напиша Ања пред некое време претставувајќи го своето ново домашно мичлениче, преубавото кученце на својот Инстаграм. Љубов на прв поглед, а при првата средба падна и првиот бакнеж – уста в уста!  Тогаш на јавно место, а сега…

Сега Ања сподели нежност со Симба в постела… Размена на бакнежи, топли прегратки, понекое кучешко лизнување и љубовни зборови: „Ај лав ју (те сакам)“!

А како и не би го сакал, кога самата знае дека…  „Животот со тебе е многу поубав“!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag