Антониа Гиговска го спои неспоивото: Девојки, дали би облекле нешто вакво? (фото)

popara9 април, 202110min0
antonija gigovska

 Младата македонска поп пејачка Антониа Гиговска изминатиот период комплетно се трансформираше. Таа реши да го смени својот животен стил кога е во прашање исхраната и физичката активност, а резултатот е неверојатен.

Имено, Антониа неодамна кога гостуваше во емисијата „Живот со стил“ откри дека ослабела 21 килограм.

Сега, со сосема поинаква фигура, таа може послободно да експериментира со гардеробата, а на Инстаграм деновиве покажа смели модни комбинации кои ги носи, спортко-шик, помалку ексцентрично, но одлилно и прилега.

На едната комбинација носи тренерки и бели чизми со високи потпетици, а на дргата спортско здолниште комбинирано со сако, топ и салонки со високи бели чорапи.

Некои од следбениците коментираа дали е сериозна за изборот, а други пак и поласкаа.

Инаку, на секоја своја нова модна фотографија, Антониа добива понуди за соработка со одредени етикети, односно да биде нивен модел за реклама.

Преземено од vistina.com.mk