Антониа Гиговска на себе направи мала промена, за голема возбуда (ФОТО)

popara31 август, 20213min0
anto

Македонската поп пејачка Антониа Гиговска никако а го скроти својот темперамент. Немирна ко’ дете, постојано нешто работи, прави, приредува, менува… Овој пат, во прашање е ова последното.

Така  Антониа реши да проба, да изгледа малку  поинаку. Ама само малку… Па тргна од косата, односно фризурата.

Русокоса ионака веќе беше, до душа со понекој црн корен… Должината на косата не собра храброст  да ја „истриже“, па ја остави иста, ама сепак реши нешто да смени…

За да не експериментира, па експериментот да испадне „естетска катастрофа од невидени размери“ се обрати кај вистински човек – модниот стилист и фризер Даниел Николовски.

Икао препуштена во вистински раце, сепак помалку уплашена од крајниот исход седна на фризерското столче и пред мајсторот да почне „да ја работи“, си направи едно селфи… Ако не друго за спомен, доколку не дај Боже, нешто тргне наопаку,  иако кога ќе се препуштиш на врвен професионалец, шансите за такво нешто се – никакви!

Ама затоа пак, крајниот резултат е повеќе од некаков… Врвен! Антониа доби нова осветлена боја на косата, па сега е 100% русокоса „сосе корен“, со убаво изретчени прамени и она што е најново – шишки!

Затоа мајсторот доби „ирази на љубов“ за своето дело, а пејачката никако не можеше да се одвои ниту од огледалото, уште помалку од камерата на мобилниот.

Едноставно, Антониа беше „опседната“  од својот нов изглед.

Мала промена за голема возбуда на пејачката… И тоа евидентна. Просто наежена… по цело тело! Најмногу – под топ маичката!

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma