Денес е прекрасен ден за семејството Кардашијан, бидејќи нивната кралица – бабата Мери Џо Хофтон го слави својот 87-ми роденден.
Шармантната мајка на Крис Џенер изгледа најмалку десет години помлада и не и недостасува енергија и насмевка, бидејќи нејзините ќерки и внуци се грижат за нејзиното здравје.
Ким не крие дека Мери и била посветена уште од најрана возраст, а за време на нејзиното растење ја советуваше за љубовните избори, убавината и мајчинството за кои ја подготвуваше.
На овој посебен ден, ријалити sвездата и претприемач сподели сет фотографии, кои докажуваат колку ѝ значи нејзината баба.
“Ти си жена која ме научи на работна етика, живот и љубов. Те сакам многу” – напиша таа покрај прекрасните спомени.
По разделбата со сопругот Канје Вест, Кардашијан е уште поблиска со нејзините сестри и остатокот од семејството, кое е секогаш со неа.