БАКСУЗНИ КРАДЦИ: Додека ограбуваа, едниот случајно повика полиција!

9 јануари, 2021
Screenshot_6

Ах, проклети мобилни…

Двајцата крадци ѝ заштедија време на полицијата да ги бара сторителите на провалата во Стоук-он-Трент, бидејќи едниот имал телефон, кој му бил во задниот џеб, сам повикал број на служби за итни случаи за време на злосторството.

„Мислам дека штотуку ги уапсивме крадците со најголемиот баксуз во светот“, напиша главниот инспектор на Стафордшир Џон Овен на Twitter доцна вечерта во четвртокот со GIF од филмот „Сам дома“

Двајца крадци, на возраст од 49 и 42 години, упаднале во куќа во тој град во центарот на Англија.

Еден од нив седна на софата и го активираше автоматското бирање на телефонот што му беше во задниот џеб.

Овен рече дека полицијата добила повик со кој имале увид „во сите нивни злодела“ сè до доаѓањето на полицијата пред куќата кога биле уапсени.

Несмасните крадци се во притвор.

escort - Korsan taksi