На неодамнешната Мет Гала, имавме можност да видиме разновиден изглед – од неочекувано елегантен, преку веќе виден до некои што ни оставија прашалници над глава. Сепак, имаше исклучително интересни изгледи во однос на убавина и се појавија некои идни трендови, а еден од нив е секако – кристали.
Носени како украс за коса во форма на токи, шноли или дури и синџири, некои од гостите најдоа нови места каде што можат да носат „блинг“. Џиџи Хадид, Јара Шахиди, Алиша Кис, Емили Блант и Прешс Ли на својата коса и дадоа дополнителен сјај.
Аманда Горман, Сторм Рид и Џулија Гарнер покажаа како да се збогати минималистичкиот „изглед без шминка“ со дијамантски сјај и дадоа идеи за освежувачки вечерен изглед. Потребно ни е само малку трпение, пракса и храброст за тоа, за да можеме да си играме со лепливите кристали и да ги додадеме на аглите на очите или да нацртаме цели соѕвездија.