Бела Кралица: Највкусната комбинација на светот! (РЕЦЕПТ)

popara10 август, 20212min0
Screenshot_1

Тортата Бела кралица е толку вкусна што вие и вашето семејство сигурно ќе уживате во неа! Мека кора со вкус на лешник и пенлив крем од ванила… Најубавата комбинација на светот!

Потребно:

Кора:

  • 8 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 8 лажици печени мелени лешници
  • 2 лажици брашно
  • 5 гр прашок за пециво

Крем:

  • 8 жолчки
  • 8 лажици шеќер
  • 2 кеси или 80 гр пудинг од ванила
  • 800 мл млеко
  • 100 гр бело чоколадо
  • 100 гр путер
  • 200 мл слатка павлака
  • 150 гр плазма бисквити

Уште: 100 гр бело чоколадо + 1 лажица масло

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени. Изматете ги белките со шеќерот. Додадете лешници, брашно и прашок за пециво и измешајте сѐ со шпатула. Истурете во голема тава за рерна и печете 15 минути. На разладената кора намачкајте бело чоколадо, кое сте го растопиле со масло на пареа или во микробранова печка. Оставете да се стегне.

За филот измешајте ги жолчките, шеќерот и пудингот. Истурете малку ладно млеко од тие 800 мл, а остатокот доведете го да зоврие. Измешајте ја масата со жолчки за да нема грутки, а потоа ставете ја во врелото млеко. Мешајте додека не се згусне, ако има грутки, изматете со миксер.

Тргнете од оган, додајте путер и бело чоколадо и мешајте додека не се растопи и соедини со филот. Истурете во друг сад за побрзо да се излади и покријте со фолија. Изматете ја слатката павлака. Направете го изладениот фил со миксер, додадете слатка павлака и изматете сѐ заедно. Искршете ги плазма бисквитите и додадете го кремот, па измешајте сѐ.

Исечете ја кората на два дела, па на првата нанесете половина од филот, покријте со втората кора и премачкајте со остатокот од филот. Декоритајте по желба и добро изладете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma