БЕНИФЕР ПОВЕЌЕ НЕ СЕ КРИЕ – И ИЗГЛЕДА ПОЗАЉУБЕНО ОД БИЛО КОГА: Џеј Ло и Бен Афлек повторно фатени заедно!

popara24 мај, 20211min0
321738_e_ff

Судејќи по сѐ, помирувањето веќе не се дведува во прашање.

Откако неодамна беа фатени како се враќаат од романтичен викенд, латино дивата Џенифер Лопез (51) и актерот Бен Афлек (48) повторно поминаа време сами.

Папараците ја забележаа двојката на југот на Флорида, каде пејачката и оскаровецот уживаа во изнајмена вила.

Иако никогаш не беа фотографирани како се допираат или зборуваат, Џеј Ло и Бен изгледаа многу опуштено и спонтано, и во еден момент ги забележаа фоторепортерите и реагираа многу симпатично: Афлек направи збунет израз, додека Џенифер ги рашири усните во насмевка од уво до уво.

Американските медиуми неодамна напишаа дека парот, за кого го смислија заедничкиот прекар „Бенифер“ пред две децении, ќе се гледа повторно 17 години по раскинувањето за кој планетата зуеше. Тие, наводно, ја обновиле пријателската врска, но сè е наклонето кон романса, што ги изненади дури и најблиските.

Како што истакна близок извор на парот, Бен наводно ја контактирал латино дивата уште во февруари, додека била свршена со поранешниот спортист Алекс Родригез и ѝ давал комплименти. Извор тврди дека Бен ѝ испратил електронска пошта на Џеј Ло во која тој напишал дека изгледа убаво на фотографиите од снимањето на филмот Shotgun Wedding што се појавија во медиумите. Овој портал додава дека Бен ѝ рекол на Џеј Ло дека би сакал да биде во Доминиканската Република со неа, но во тој момент го снимаше филмот The Tender Bar со Cорџ Клуни во Бостон. Комуникацијата продолжи во наредниот период, сè додека на крајот на април, Џенифер заврши со снимањето и се врати од Карибите. Наводно, Афлек напишал и дека би сакал „да го има срцето на Џенифер“, а тие пораки ја трогнале.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma