Сите жени воодушевени се воодушевени од овој едноставен трик.
Кога станува збор за убавината, водата често се споменува. Веќе добро знаете дека треба да пиете многу и да користите хидратантни креми, но што ако ви кажеме дека можете да додадете капка обична вода во вашата течна пудра, така што нејзиниот ефект ќе биде подобар?
Шминкерката на познати личности, Ребека Рестрепо, вели дека ова е нејзиниот омилен трик со кој постигнува совршена, сјајна основа, а ја обожаваат и нејзините познати клиенти. Таа нанесува капка вода во течната пудра пред да ја нанесе на лицето, бидејќи со тоа се постигнува влажна подлога и посјајно лице.
Пробајте го овој трик, не ве чини ништо, а најдобриот начин да го направите тоа е прво да нанесете малку пудра на раката, да измешате капка вода и потоа со сунѓер да ја нанесете на лицето.