Холивуд го претстави како мускулест суперхерој, кој стекна милиони фанови ширум светот, а ликот на Бетмен се сметаше за креација на компанијата „Комикс“ од 1939 година, кога првпат се појави во стрипови. Во шеесеттите години на минатиот век, Бетмен беше главниот херој на ТВ сериите, а во 1989 година беше создадена култната филмска франшиза.
Сепак, „Сафолк Газет“ наведува дека инспирација за ликот била вистинската приказна за извесен Бил Смит, кој се преселил во Америка од Сафолк во 1870 година и се сместил во Њујорк, каде работел во касапница. Наведено е дека биле истражени историски записи од тоа време од Источна Англија и САД. Бил Смит живеел во Далинху, каде што бил работник на фарма, а потоа се качил на брод што пловел од Ливерпул до Њујорк – во потрага по подобар живот.
Општинските архиви покажуваат дека Смит за прв пат бил обвинет во 1878 година, затоа што фатил и удрил крадец кој истрчал од продавницата со нога на јагне. Тогаш 43-годишниот Смит беше ослободен од добродушен судија, кому несомнено му беше досадна бескрајната листа на ситни криминалци.
Оваа „епизода“ го инспирираше Бил Смит на понатамошно „дејствување“, особено кога се појави еден пасус за него во „Њујорк трибјун“ – да продолжи да се бори со крадците со уште поголема жестина.
Потребни беа уште четири години да се направи неговата позната маска за глава – да изгледа како лилјак и да се скрие неговиот вистински идентитет. Потоа ноќе патролирал во неговата населба во потрага по криминалци.
Во тогашниот печат авторот, познат само како Робин, напишал во 1892 година:
- „Сите во соседството слушнале за овој Бетмен. Ноќе, тој шета по улиците и сите гангстери, крадци, пијани скитници – држете се на дистанца. Тој е одмазда. Тој е ноќта. Тој е Бетмен “.
По тој повод беше објавена ексклузивна фотографија од Бил Смит, борец за правда.
Сепак, по овој извештај, наводно немало никаква вест за Бетмен, а новинарите на англискиот весник тврдат дека успеале да добијат копија од неговата потврда за смрт од централниот регистар во Њујорк, каде се наведува дека починал од хипотермија , една ледена ноќ, февруари 1896 година. 66 години.
Сомнежи се појавија во приказната за Бил Смит и автентичноста на фотографијата, особено затоа што креаторите на Бетмен, Боб Кејн и Бил Фингер, еднаш детално опишаа како го создадоа својот стрип јунак. Како и да е, никој не беше во можност да најде маана на фотографијата – таа не е Фотошоп, ниту пак е изменета на кој било начин, и сосема е можно да датира од крајот на 19 век.