Ако ги прашате познатите убавици што секоја жена мора да има во гардеробата за свечени пригоди, судејќи според тоа колку од нив ги носеле во изминатите неколку дена, најверојатно ќе го добиете истиот одговор: oversized костум!
Манекенката Емили Ратајковски е последна во низата славни девојки кои го избраа овој стил за јавен настап, а на коктел забава и конференција во Њујорк пристигна во сив модел. Станува збор за комплет со широка јакна со лажни џебови и едноставни копчиња и панталони со рамен крој, кои Емили ги носеше без кошула или блуза. Единствено што го одвлекува вниманието од костумот е скапиот сребрен ѓердан, а интересно е што моделот избра сандали со штикли наместо салонки, и тоа – апостолки.
Ова е првпат Емили Ратајковски да се појави во јавноста откако го обвини пејачот Робин Тик, во чиј спот за песната Blurred Lines се стекна со светска слава, за сексуален напад. Според весникот „Сандеј тајмс“ од Лондон, Емили тврди дека Тик ја зграпчил одзади и ја допрел за градите во моментот кога го соблекла горниот дел од облеката за време на снимањето на споменатото видео.