За каубојците и каубојките со афро-американско потекло и нивното влијание врз историјата на родеата ретко се зборува, пренесува Адидас.
Сакајќи да го поправи ова и да ја истакне нивната улога во обликувањето на културата на американскиот Запад, Адидас, во соработка со Бијонсе, ја создаде колекцијата Ivy Park Rodeo во чија рекламна кампања пејачката ја игра главната улога.
Во атрактивна спортска облека инспирирана од црни каубои и каубојки, родео и Дивиот Запад, Бијонсе навистина изгледа одлично.