Бил Гејтс предлага неколку книги за читање во текот на летото

popara24 јуни, 20211min0
1621242220-h_51658538-1024x659

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, сподели на својот канал на YouTube препораки за неколку книги што можете да ги прочитате ова лето, нагласувајќи дека во последно време чита најмногу книги што зборуваат за комплицираната врска меѓу природата и луѓето.

„Можеби го правам тоа затоа што вирусот влезе во нашите животи пред нешто повеќе од една година. И повторно, можеби затоа што цела година зборував за тоа што треба да сториме за да се спасиме од климатската криза. Во секој случај – избирам книги во кои се зборува што се случува кога некое лице се коси со природата“, напиша Гејтс.

Издвојуваме три книги од неговиот список на предлози: „Под белото небо“ од Елизабет Колберт, „Ветената земја“ на Барак Обама, Ричард Пауерс „Оверстори“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma