BILLBOARD MUSIC AWARDS: Алиша Кијс одушеви со креацијата, Меган Фокс ја покажа дивата страна

popara25 мај, 20213min0
profimedia-0612331005

Billboard Music Awards во Лос Анџелес беа обележани со доминација на „The Weeknd“, кој освои дури 10 награди. Пејачот беше прогласен за најдобар машки изведувач, најдобар изведувач на радио песна, најдобар R&B изведувач и најдобар R&B машки изведувач. Покрај тоа, неговиот „After Hours“ беше прогласен за најдобар R&B албум, додека за синглот „Blinding Light“ ја освои наградата за најдобра радио песна и најдобра R&B песна.

Пејачот Дрејк, кој ја носи титулата најмногу награди на Билборд на сите времиња, ја освои наградата „Уметник на декадата“ на вчерашното доделување на наградите. Пинк, пак, доби награда за музичка икона, а додека ја изведуваше песната ‘Cover Me In Sunshine’, на сцената и се придружи нејзината 9-годишна ќерка Вилоу која покажа завидни танчерски и гимнастички вештини.

Црвениот тепих пред доделувањето на наградите беше обележан со прилично лоши и неимагинативни креации, а меѓу подобрите беа оние на актерката Пријанка Чопра и пејачката Алиша Кис. Актерката Меган Фокс се погрижи сите погледи да бидат вперени кон неа и Machine Gun Kelly, па го фати за меѓуножјето на црвениот тепих, а потоа парот започна страсно да се бакнува. Двојката и модно си одговараше: Меган носеше провокативна креација потпишана од Тиери Муглер, додека нејзиниот избраник носеше традиционално одело, но го обои јазикот црно.

Погледнете ги модните комбинации од црвениот тепих во галеријата:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma