Актерката Меган Фокс и рокерот Машин Ган Кели се новиот „холивудски ит пар“, а својата љубов ја покажаа на музичките награди „Билборд“ во Лос Анџелес.
За оваа свечена пригода, во која го бодреше момчето додека освојуваше награди, Меган избра провокативен црн фустан од Маглер во кој го покажа деколтето и извајаниот стомак. Нејзиното момче, пак, се појави во костум, откопчан и со јазик обоен во црно. Тој тоа им го покажа на сите бакнувајќи ја Меган пред фоторепортерите.
Американските медиуми го нарекуваат модното издание на Меган „храбро и провокативно“. На Балканот, ваквото „провокативно“ издание е секојдневие, најмногу благодарение на Јелена Карлеуша, која неодамна на Инстаграм се пофали со многу слична модна комбинација – фустан со скоро ист шлиц и исти чевли.
Инаку, Меган Фокс во последно време е наречена една од најомразените холивудски актерки. Иако пред петнаесетина години важеше за голема надеж и секс симбол, кавгите со режисерите, грдото однесување на снимањата и претерувањето со пластична хирургија доведоа до тоа веќе да не биде омилено холивудско лице, па во последните години снимаше филмови „на капалка”.