Зад себе има 3 неуспешни бракови и безброј афери …
Актерот Чарли Шин е роден на 3 септември 1965 година. Својата слава ја стекна рано, благодарение на неговиот татко Мартин Шин, кој веќе беше славен актер во 70-тите.
Со својот изглед, брзо ги освои срцата на многу жени и стана миленик на публиката.
Шин ја започна својата филмска кариера на 19-годишна возраст во тинејџерската драма за Студената војна, „Црвена зора“, во која глумеше рамо до рамо со Патрик Свејзи, Томас Хауел, Лео Томсон и Џенифер Греј. Младиот актер се појави и во една епизода од серијата „Неверојатни приказни“.
Првата голема улога Шин ја имаше во драмата за војната во Виетнам во 1986 година, „Водот“. Само една година подоцна, тој глумеше со својот татко во „Вол Стрит“. Двата филма ги режираше Оливер Стоун.
Чарли Шин и е попознат на помладата популација по своите телевизиски улоги, особено во популарната серија „Два и пол мажи“, која ја обележа со својот хумор и специфичната мимика.
За жал, во подоцнежниот живот, Шин го привлече вниманието на медиумите и обожавателите преку низа скандали.
Контроверзниот актер Чарли Шин стана зависен од дрога, алкохол и проститутки во 80-тите години на минатиот век. Тој трошеше вртоглави суми на пороци, а сега неговите најголеми трошоци се оние за алиментација кои ги плаќа на неговите поранешни жени Дони Пил, Дениз Ричардс и Брук Милер.
Продукцијата на „Два и пол мажи“ беше стопирана во јануари 2011 година, кога актерот беше на одвикнување од опијати. Тоа беше негов трет обид за рехабилитација во последните 12 месеци. Следниот месец, CBS ги откажа последните четири епизоди од сезоната, откако Шин јавно го понижи и го коментираше авторот на серијата Чак Лора, што резултираше со забрана од Ворнер Брос што на Чарли не му дозволуваше каков било пристап кон сетот.
Во тоа време, Шин имаше јавен нервен слом што се емитуваше на телевизија и на Интернет. Актерот даваше секакви изјави и споменуваше бизарни работи за себе, како тоа дека е волшебник и има крв од тигар и ДНК на Адонис.
“Уморен сум од преправање дека не сум посебен. Уморен сум од преправање дека не сум моќна рок-sвезда од Марс”, изјави Шин пред новинарите.
Еден од неговите најголеми скандали, покрај мозочниот удар, предозирањето и серија апсења, беше на 17 ноември 2015 година, кога Шин јавно призна дека е ХИВ позитивен, што му било дијагностицирано четири години порано. Тој посочи дека ја држи својата состојба под контрола со троен коктел антиретровирални лекови и рече дека е невозможно да зарази некој од неговите партнери.
Холивудскиот актер спиел со повеќе од 3.000 жени, а една од нив го тужела бидејќи премолчел дека е заразен.
Тој бил заразен со ХИВ од транссексуална проститутка со која имал сексуални односи.
За една ноќ со проститутки, тој давал и по 2 илјади евра без никакви проблеми.
„Мојот живот може да се сведе на само три збора: дрога, секс и алкохол“, рече Шин пред неколку години.
Очигледно, ништо од ова не го спречи да продолжи да биде еден од омилените актери на денешницата. Шин постави рекорд за најплатен телевизиски актер по епизода со 1,25 милиони додека играше во серијата „Два и пол мажи“.