Благица Павловска важи за една од најпрепознатливите македонски фолк пејачки. Интерпретатор кој за сите овие години има долга и успешна кариера, бурен приватен живот исполнет со безброј растежи и падови, и зад себе грст познати фолк хитови кои му пркосат на времето и со години остануваат да се вртат како по медиумите, така и да се пејат по свадбите,и останатите семејни веселби.
Некои велат дека Благица која на своето презиме го додаде она Хаџи, па сега е Благица Хаџи – Павловска, е македонската Тина Тарнер во фолкот. Токму за сето она што и се случува последниов период додека естрадата за време на коронапандемијата е ставена во мирување, но и за тоа како гледа на пандемијата и кое е чарето што го препорачува како своевиден иљач, како превентивен лек од ковид заразата!
„Што помалку сексуални контакти со различни партнери, во спротивно коронапандемијата се’ повеќе ќе биде во подем…“ – порачува Благица, препорачувајќи секс, ама само со еден и тоа сигурен партнер, барем додека трае Ковид 19 пандемијата!
Благица вели дека времето го минува во грижа за своите кученца, осум на број, кои и’ се и секојдневна обврска, но и релаксација за да нема време да мисли на лоши работи. При тоа објасни како се родила нејзината љубов кон домашните миленици и зошто чува не едно или две, туку толку многу кученца како и неколку мачки?! Останатото слободно време пејачката вели дека го користи за да ужива во гледањето на турските ТВ серии.
Посветена на музиката но и на верата и Бога, Благица Павловска советува луѓето да не го ескивираат Бога, раскажува како се подготвува за постот, како се справува со искушенијата, но тврди дека, колку некои и да не веруваат, таа разговора со Бога!
„Можеби за некого е смешно, ама јас разговарам со Бог“ – вели Благица и додава: „А, Бог ме слуша и фала му, до сега Бог ме заштитил во многу ситуации. Верувајте, да ја почувствуваш божјата љубов е привилегија. Но, со Бога не можеш да разговараш нервозен. Мора комплетно да го опуштиш телото, целиот организам, да имаш покајание и да му се обратиш…“ – раскажува Благица Павловска, чие видување на животните нешта можете да го проследите во видеото во продолжение, од интервјуто што со фолкерката го направи екипата на најгледаниот естраден ТВ магазин, „Бекстејџ“.
Преземено од vistina.com.mk