Пејачот Боб Дилан е обвинет за силување, што наводно се случило во 1965 година, а жената што ја поднела тужбата тврди дека не е единствената и дека кога била малолетна, ја дрогирал за да ја злоупотреби.
Познатиот пејач Боб Дилан е обвинет за силување што наводно се случило во 1965 година, а тој е обвинет од 65-годишна жена од Гренвич, која тврди дека инцидентот се случил кога тој имал 24 години.
Имено, таа тврди дека тој со недели ’’клукал’’ 12-годишно девојче со дрога и алкохол, а потоа ја злоставувал неколку пати, според тужбата поднесена во петокот во Врховниот суд на Менхетен.
Некои од наводните инциденти се случиле во станот на пејачот во хотелот Челзи.
– Во период од шест недели помеѓу април и мај 1965 година, Боб Дилан се спријатели и воспостави емотивна врска со жртвата – стои во тужбата.
„Понатаму се наведува дека Дилан успеал да воспостави „врска“ со „намалување на инхибициите со цел сексуална злоупотреба, што го направил, заедно со давање дрога, алкохол и закани за физичко насилство, оставајќи ја со емоционални лузни и психолошки оштетена до денес.”
Во тужбата се наведува и дека нејзината последователна депресија и вознемиреност довеле до трајна неспособност да се вклучи во редовни активности и да продолжи со нормален живот.