Ви текнува сигурно на големиот “Макфестовски“ забавно музички хит “Да си мерaк песна“ која остана да се слуша и до денес и која ништо не изгуби од својата убавина. Деновиве токму оваа убава песна, а која во оригинал ја пее српската музичка ѕвезда Бисера Велетанлиќ, во ново руво и на својот начин ја донесува Бојана Скендеровски со составот “Мерак“. Идејата за оваа преработка е всушност на Марио, кој е фронтмен на „Мерак“, а тој го потпишува новиот аранжман.
Хрватот Ивица Стамаќ е автор на музиката на оваа песна, но авторот на текстот е нашиот Зафир Хаџиманов кој за голема жал не дочекал да слушне како песната ја пее Бојана со “Мерак“. А, ја пее одлично….. „Една ноќ ме зема, а сега те нема. Како лист ме скина, животот ми мина. Да си извор вода да те разлеам, да си мерак песна да те испеам…“! Убедени сме дека така би кажал и самиот Зафир за песната за која текст го напишал пред 33 години.
Видеото за новата верзија на “Мерак песна“ е снимено во студио “Скендеровски“.
Преземено од vecer.press