Бојата на кармин што ќе доминира оваа есен: Усни во нијанси на црвено вино

popara26 август, 20211min0
shutterstock663226402-830x0

Оваа елегантна боја им стои добро и на русокоси и на бринети

Како што најавуваат шминкерите, апсолутниот тренд оваа есен, барем кога станува збор за кармините, ќе биде бојата на црвеното вино, односно темно црвена или бордо. Името бордо всушност потекнува од виното, а оваа нијанса на кармин им стои добро на русокосите, а уште подобро на бринетите.

Ако имате намера да го следите трендот оваа есен кога станува збор за шминката, оваа боја ќе биде апсолутен хит.

Добро се комбинира со посветла, но и потемна гардероба, со која дава особено мистичен изглед.

На бринетите повеќе им прилегаат кармини кои имаат потопли пигменти.

Со овие нијанси, важно е да се нагласат трепките или веѓите, но не премногу, така што усните би биле во преден план.

За разлика од бринетите, на кои подобро им стојат потемни нијанси, русокосите претпочитаат малку посветли тонови кои „влечат“ на виолетово.

Оваа елегантна боја во прилагодени нијанси одговара на секој тип тен со соодветна боја на сенки за очи. Покрај темните нијанси на кармин, се препорачуваат и моливи, со цел усните да изгледаат што погламурозно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma