За разлика од другите церемонии на доделување на наградите, на 25 април нема да ја следиме комуникацијата на актерите и водителите преку апликацијата Zoom
Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Рис Витерспун се само дел од славните личности кои ќе учествуваат како водители оваа година на 93-тата престижна церемонија на Оскарите, што ќе се емитува во недела, 25 април, на Американската академија за филмска уметност и наука, известува за списанието People.
Заедно со нив, на списокот презентери има и некои други големи имиња од актерската и модната сцена – Ангела Басет, Бонг Џун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Марли Метлин, Рита Морено и Зендаја.
На Пит, минатогодишниот добитник на Оскар во категоријата најдобра споредна машка улога, ќе му се придружат и други престижни добитници на наградите за 2020 година, Рене Зелвегер, Хоакин Феникс и Лора Дерн.
Организаторите на церемонијата на почетокот на овој месец истакнаа дека сакаат оваа година доделувањето на наградите да изгледа повеќе како филм, а помалку како ТВ-емисија.
Продуцентите годинава испратија писма до номинираните во кои бараат физички да присуствуваат на церемонијата.
Ова значи дека, за разлика од другите церемонии на доделување на наградите, на 25 април нема да ја следиме комуникацијата на актерите и водителите преку апликацијата Zoom
За оние кои од која било причина нема да можат да присуствуваат на доделувањето на наградите, Академијата ќе ја преземе наместо наградениот уметник.