Холивудскиот актер Бред Пит е како вино – колку е постар, толку подобро изгледа. Се чини дека 57-годишниот заводник не планира да остари, но со текот на годините доби неодолив шарм, кој, судејќи според најновата реклама, е препознатлив низ целиот Свет.
Така Бред Пит се најде во реклама за италијански производител на машини за кафе, каде игра бариста.
Холивудската суперsвезда во ова видео го започнува своето утро рано наутро, возејќи мотор покрај брегот на Пацификот. Станицата е неговата омилена кафе продавница, така што едниот дел од рекламата се одвива таму, а другиот во луксузна вила, каде Бред Пит подготвува топол пијалок.
Она што особено ги воодушеви многумина е дека оваа реклама е исто толку автентична благодарение на него, што овој италијански производител, кој го ангажираше, сигурно го знаеше тоа. Некои од коментарите беа дека „Бред Пит не старее“, дека „изгледа многу добро“, како и дека „што и да облече, одлично му прилега“.
И, навистина, кога ќе ја погледнете рекламата, на актерот никогаш не би му дале 57 години, туку барем 15 помалку.
Бред Пит отсекогаш важел за миленик на женскиот дел од популацијата, како и за еден од најдобрите момци во Светот. Иако со текот на годините го смени имиџот, ја пушти брадата и косата, а потоа ги скрати, постои општо правило дека секоја промена совршено му прилега.
Без разлика дали станува збор за генетика, начин на живот или и двете, еден факт е дека Бред Пит остава без здив во шестата деценија.