
Американскиот актер Бред Пит неодамна беше фотографиран како излегува од медицинска установа во Холивуд во инвалидска количка придружуван од персоналот и телохранителите.
Престижниот странски магазин „Њујорк Тајмс“ објави слики кои покажуваат дека Бред се обидел да се скрие со очила и качулка.
Малкумина ја препознаа холивудската sвезда во ова издание, бидејќи има и маска што ја носи поради пандемијата. Сепак, камуфлажата не му успеа, бидејќи фотографиите го обиколија светот.

Целата сцена изгледа застрашувачка, но на крајот се покажа дека поранешниот сопруг на Анџелина Џоли бил подложен на забна интервенција, најверојатно, отстранување на умниците.