БРЕМЕНАТА МЕГАН ФОТОГРАФИРАНА СО АРЧИ Мајката и синот за прв пат фатени надвор (ФОТО)

23 април, 2021
profimedia-0591026162

Војвотката од Сасекс наскоро ќе го роди своето второ дете, девојче, а сега е фатена во ретка прошетка со наскоро двегодишното момче

На првите фотографии од Меган Маркл, кои можете да ги погледнете тука, откако нејзиниот сопруг Хари се врати во Калифорнија, покажуваат како добро расположената војвотка го носи синот Арчи во рацете. Двојката беше лежерно облечена за време на прошетката – бремената Меган носеше труднички фармерки од марката Madewell, Valentino чевли, парк од американска марка „ Cuyana“ и заштитна маска Rothy’s која чини 25 долари. Малиот Арчи, пак, носеше црна капа, сива тренерка, бели велкро патики и зелен ранец, а неговата мајка носеше торба за ужина во другата рака.

Поранешната sвезда на „ Suits “ со нејзиниот син беше снимена еден ден откако Хари се врати од Велика Британија во Америка каде присуствуваше на погребот на неговиот дедо, принцот Филип. Како што објавија од Page Six, Хари пристигнал во ЛА со лет на American Airlines во вторникот попладне, по што се упати кон неговиот дом во Монтесито, Калифорнија. Бидејќи лекарот ја советувал војвотката од Сасекс да не патува поради бременоста, таа не присуствуваше на збогувањето на принцот Филип, но парот во заедничката изјава се прости од сопругот на кралицата.

„Ви благодарам за услугата … Ќе ни недостасувате многу“, напишаа двојката на веб-страницата на Archewell Foundation. Меган и Хари објавија дека го чекаат своето второ дете во февруари оваа година и дека нивното семејство ќе се зголеми за едно девојче.

escort - Korsan taksi