„Брилијантин“ станува серија: Ќе има 10 епизоди, а дејството се одвива 4 години пред филмот

popara16 август, 20211min0
briljantin-830x0

Познатиот филм „Брилијантин“, во кој главните улоги ги толкуваа Џон Траволта и Оливија Њутон Џон, ќе добие и сериска верзија. Имено, новиот стриминг сервис Paramount Plus нарача серија наречена „Grease: Rise of the Pink Ladies“ и е вовед во легендарниот мјузикл, пишува Headliner.rs.

Како што е наведено, дејството е сместено во 1958 година, а главните ликови се Дени и Сенди. Започнуваат кратка романса за време на празниците, но потоа настанува промена. Имено, Сенди се запишува во гимназијата Рејдел, што на Дени воопшто не му се допаѓа.

Серијата „Grease: Rise of the Pink Ladies“ ќе има 10 епизоди, а дејството се случува 4 години пред филмот „Grease“ и ги следи дамите во розево (Pink Birds) пред рокенролот и членовите на групата „T-Birds “ да ги презедат.

Членовите на групата Розови птици се Бети Рико, девојка на најдобриот пријател на Дени, Кеники, Франси, најдобрата пријателка на Сенди, Џен и атрактивната Марти Марашино.

Засега не е познато кој ќе ги толкува сите овие ликови. Не е познат ниту датумот на емитување на серијата.

Она што е познато е дека ќе има нови ликови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma