Британија во шок: Кралицата Елизабета за прв пат видена во јавноста со бастун

13 октомври, 2021
tan2021-10-121610142980-830x0

Кралицата се насмевна кога влезе во црквата

Денес, кралицата Елизабета за прв пат беше видена на богослужба, во катедралата Свети Петар во Вестминстер, со стап кој и помага да оди.

Службата се одржа во Вестминстерската опатија по повод стогодишнината од Кралската британска легија, а ќерката на кралицата, принцезата Ана, и го додаде бастунот на кралицата откако и двете излегоа од лимузината во центарот на Лондон.

Кралицата се насмевна кога влезе во црквата низ Поетскиот двор, наместо Големата западна порта, што е вообичаено, а Бакингамската палата одби да го коментира настанот.

За време на службата во Вестминстерската опатија, беше нагласена важноста и придонесот на Кралската британска легија, основана во 1921 година за да се грижи за членовите на армијата и нивните семејства по Првата светска војна.

escort - Korsan taksi