Пејачката повторно беше сослушана за помалку од еден месец, а еве што сподели со судијката Бренда Пени
Обраќајќи се пред судот по втор пат за помалку од еден месец, пејачката Бритни Спирс (39) уште еднаш побара нејзиниот татко Џејми Спирс да биде отстранет од позицијата старател откако тој и го контролираше животот 13 години.
Имено, поп принцезата пред судот во Лос Анџелес изјави дека сака да го тужи нејзиниот татко за злоупотреба на старателството што тој го има над неа долги години.
Давајќи докази преку телефон, додека приврзаниците на FreeBritney протестираа пред судот, Бритни најпрво рече дека сака да се расчисти судницата, пред да се предомисли и рече дека ќе зборува јавно во секој случај.
Таа цитираше бројни поплаки за нејзините негуватели, вклучувајќи и дека ѝ биле одземени витамини за коса и кафе.
„Госпоѓо, тоа не е злоупотреба, тоа е само е*ена суровост“, ѝ рече таа на британската судијка Бренда Пени.
– Извинете за пцуењето, но тоа е вистина – додаде пејачката.
Пејачката побара да се прекине старателството без претходна лекарска проценка, но јасно стави до знаење дека нејзиниот главен приоритет е да го отстрани нејзиниот татко од таа позиција. Таа рече дека ќе биде среќна само Jоди Монтгомери да остане нејзин старател.
– Татко ми треба да биде отстранет денес, а јас би била среќна што Џоди ми помага – рече ѕвездата.
Исто така во средата, Метју Розенгарт беше назначен за нов адвокат на Бритни, на местото на Самуел Ингам, човекот што судот го назначи во 2008 година.
Спрингс го критикуваше г-дин Ингам дека не сторил доволно за да ѝ помогне да стави крај на старателството, а од г-дин Розенгарт се очекува да ги засили своите напори за крај на целата приказна
Пред Спирс да се обрати на суд, г-дин Розенгарт тврдеше зошто треба да ѝсе дозволи да избере свој адвокат и рече дека нејзиното „моќно, убедливо, искрено“ сведочење од сослушувањето во јуни докажа дека таа е исто така „повеќе од способна да го ангажира својот бранител“.
По сослушувањето, Спирс на социјалните мрежи објави дека се чувствува „благодарна и благословена“ што доби нов адвокат.