Ријана, Ирина Шајк, Ванеса Хаџинс и други се појавија на прославата на брендот „Savage x Fenty Vol. 3“
На шоуто по повод промоцијата на брендот „Savage x Fenty Vol. 3“, кој дизајнира долна облека, се појавија голем број познати личности кои дојдоа да го поддржат овој настан.
Ѕвезда на вечерта секако е пејачката и основач на овој бренд, Ријана, која истакна дека е многу среќна поради оваа вечер и дека постојано се обидува да ги следи сите трендови и да се надмине себеси, што како што вели го направи и сега, и се ставила во многу тешка позиција, бидејќи има задача да ги надмине своите достигнувања со секој следен проект.
Меѓу славните личности покрај Ријана која носеше жолт костим со циркони од брендот Ботега Венета, се најде и топ моделот Ирина Шајк, која беше многу интересно облечена во темни панталони со трегери од брендот Хром Хартс, додека нејзината долна облека беше Savage x Fenty. На настанот беа забележани и Ванеса Хаџинс, која носеше парчиња од соработката Savage x Fenty, Рики Мартин, Бела Хадид и други.