Го замолија актерот да ја напушти продавницата
Брус Вилис доживеа голема непријатност кога го замолија да ја напушти продавницата во Лос Анџелес, бидејќи не ги почитуваше епидемиолошките мерки и не носеше маска.
Според странските медиуми, клиентите во продавницата се побуниле поради актерот, кој го виделе како купува во продавницата без маска. Тие веднаш ги предупредија вработените, кои побараа од него да ја напушти продавницата.
За време на пандемијата, славниот актер поголемиот дел од времето го минуваше со неговата поранешна сопруга Деми Мур и нивните деца, а подоцна му се придружија и неговата сегашна сопруга Ема Хеминг и нивните ќерки.