Состојки:
2 јајца
2 банани
2 лажици какао
10 гр прашок за пециво
70 гр црно чоколадо
30-50 мл млеко
Подготовка: Измешајте зрели банани, јајца и какао. Ставете во блендер или изматете со миксер. Истурете во плех за печење и печете на 180 степени 25 минути
Оладената торта прелијте ја со стопено темно чоколадо во малку млеко. Јадете топло или изладете во фрижидер.