Ако сакате да изгубите неколку килограми пред да заминете на одмор за неколку дена или недели, ќе ви помогнат малку подолги прошетки и оваа диета со лубеница
Поради витамините А, Ц и Б6, како и минералот калиум, кој го содржи лубеницата, оваа диета ќе ви ги обезбеди потребните хранливи материи, а нејзиниот диуретичен ефект ќе овозможи да не се задржува вишок течност во телото.
Овој вкусен и освежувачки зеленчук од родот тикви е неизбежен на масата во текот на летните денови. Ја гаси жедта, го подобрува расположението, дава енергија и може да ја дотера вашата линија со ова петдневно мени.
Појадокот е ист секое утро: парче лубеница, парче двопек, чаша чај (коприва, бреза, зелен чај). Пијте барем литар вода или чај секој ден.
ДЕН 1
Ручек: 150 гр варено говедско месо, 100 гр варен ориз, парче лубеница.
Вечера: 50 гр младо сирење, парче двопек, домат, парче лубеница по желба
ДЕН 2
Ручек: Парче двопек, 150 гр варено пилешко, парче лубеница
Вечера: 100 гр варена риба или печена на скара, парче двопек, парче лубеница
ДЕН 3
Ручек: 150 гр интегрални шпагети со младо сирење и домат, лубеница по желба
Вечера: 200 гр шопска салата, парче лубеница
ДЕН 4
Ручек: чинија супа од зеленчук, 150 гр варено телешко месо, парче лубеница
Вечера: две белки од јајца и краставица, лубеница по желба
ДЕН 5
Ручек: 300 гр варено говедско месо со печурки, лубеница по желба
Вечера: 50 гр урда, две парчиња двопек, лубеница по желба