Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“ во елегантно, но предизвикувачко издание зачинето со фатално деколте.
Имено, фолк ѕвездата блесна во едноставна бела комбинација – панталони и кошула на преклоп со ремен, така што деколтето и беше до папокот.
Цеца носеше очила за сонце, на стапалата имаше кремасти салонки, а во раката бела чанта со златни детали кои ги усогласи со накитот.
Заедно со белата комбинација избра и чанта од познатиот бренд „Louis Vuitton“ чија цена е дури 3.500 евра.