Цеца ужива на Божиќ со својот внук: Пејачката без трошка шминка, а во скут го држи малиот Жељко

8 јануари, 2021
download

Фолк sвездата Цеца Ражнатовиќ го слави најсреќниот христијански празник Божиќ во семејната куќа, а моментот со внукот Жељко ги разнежни сите.

Имено, Цеца во домашно-издание, без трошка шминка, се снимаше себеси и нејзиниот внук, кој ѝ седи во скут и задоволно се смее, а се смее и Ражнатовиќ.

Видеото го објави на својот Instagram профил и ги разнежни сите, а нема сомнеж дека Цеца и Жељко уживаат во моментите заедно.

Пејачката е на одмор со семејството, со неа е нејзиниот син Вељко, неговата сопруга Богдана, како и нивниот наследник, а Божиќ го поминаа во родниот град на Богдана со нејзиното семејство.

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ не е во семејната куќа за Божиќ. На социјалните мрежи објави фотографии од Копаоник, каде најверојатно е со своето момче Џорџе Кулиќ.

Како што е познато, Цеца е голем верник и ги почитува сите обичаи, а на Бадник беше на литургијата во Храмот Свети Сава во Белград.