Снимката од неговиот перформанс досега собра над три милиони прегледи
Фантастичниот илузионист Клек Ентос, со вистинско име Дејвид Стоун, изведе хорор шоу во новото продолжение на американскиот суперталент пред неколку дена.
Снимката од неговиот перформанс досега собра над три милиони прегледи и ние сме должни да ве предупредиме да не ја гледате доколку не сте поддржувач на споменатиот жанр.
На членовите на жирито воопшто не им беше пријатно, Софија Вергара и Хајди Клум врескаа, а Хоуи Мандел и Сајмон Кауел беа запрепастени.
Секако, нема да има смисла да ви ги откривам деталите, најдобро е сè да погледнете сами, за на крај можеме да потенцираме само дека Ентос помина во следната рунда со едногласна одлука.