
Кога детето неверојатно потсетува на неговите родители, ние велиме дека тоа е плукнато на татко му, или на мајка му. Зошто?
Бидејќи овој израз е карактеристичен за повеќе јазици, постојат неколку теории за неговото потекло.
На пример, се верува дека англискиот израз со исто значење „spitting image“ всушност потекнува од фразата „splitting image“ (сплит – слика како поделена слика, слика во огледало), пишува на страницата Језикофил.
Сепак, слични изрази постојат на француски јазик, на пр. C’est le portrait craché de son père (Тој е плукната слика на неговиот татко) или на норвешки Som snytt ut av nesen paa (како издуван од носот).
Можно е потеклото на овој израз да се бара во митологијата, па затоа некој кој потсетува на својот родител како да е буквално исплукан од уста или плукнат од телото (како што египетскиот бог Атум ги создал боговите Шуа – бог на воздухот и Тефнут – божица на влагата и дождот, плукајќи ги од устата).
Античките народи гледале силна врска помеѓу нивните тела и светот околу нив. Така, во нордиската митологија, создадено е битие Квазир од плунката на боговите. И не е невообичаено да плукате во рака пред да се ракувате за да го означите почетокот на добро дело, сето ова е последица на верувањето во магичната моќ на плунката.