Ако понекогаш или често, имате проблеми со стомакот и варењето, обидете се да ги избегнете овие четири типа храна на празен стомак.
1. Суров зеленчук
Суровиот зеленчук е здрав и богат со витамини и минерали. Сепак, не се препорачува за појадок бидејќи суровиот зеленчук е вистински предизвик за варењето, особено кога ќе го консумирате на празен стомак.
2. Јогурт
Ако имате чувствителен стомак, појадок кој вклучува јогурт тешко дека може да ви „спадне“. Имено, јогуртот содржи здрави млечни киселини, кои, за жал, не стигнуваат до цревата бидејќи празниот стомак ги убива со својата киселина. Што помага? Доволно е да консумирате неколку јаткасти плодови, парче авокадо или лажица овесни снегулки, за да не ви биде празен стомакот.
3. Банана
Банана на празен стомак одеднаш го зголемува нивото на шеќер во крвта, но исто така тоа ниво многу брзо паѓа. Ова може да резултира со ненадеен напад на глад во текот на денот.
4. Цитруси
Чаша свежо исцеден сок од портокал? Звучи здраво, но на празен стомак може да предизвика киселини. Единствен исклучок е водата измешана со лимон бидејќи сокот од лимон е прилично разреден, објави порталот „Аваз“.