Две години по документарниот филм „Chiara Ferragni: Unposted“, синооката инфлуенсерка повторно маршира на екраните поголеми од оние мобилни телефони, преку кои редовно ѝ се обраќа на својата мултимилионска публика.
Документарниот филм насловен „Ферагнез“ го опфаќа периодот на втората бременост на Кјара, раѓањето на нејзината ќерка Виторија, настапот на Федез во Санремо, церемонијата на доделување на наградата Л’Амброгино д’Оро и ги прикажува како се движат низ семејните и деловните обврски и работат на себе како двојка и семејство. Серијата од 8 продолженија е снимена кон крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година, а пристигнува на Amazon Prime во декември.
Покрај славниот пар, во шоуто треба да се појават и сестрите на Кјара, бабата и други блиски луѓе. Инфлуенсерката и претприемач и нејзиниот сопруг, музичарот Федез, кои заедно имаат преку 35 милиони следбеници на Инстаграм, објавија кратко видео во гламурозна облека и со поглед на Милано за кои се сигурни дека ќе им се допаднат на сите фанови кои редовно ги следат на социјалните мрежи нивните патувања и семејни моменти.