ЧИЗКЕЈК ОД КАЈСИЈА, МЕД И ЈОГУРТ: Совршена комбинација на вкусови, десерт кој се памети!

popara3 јуни, 20211min0
251183_shutterstock-1819234682_ls

Состојки:

75 гр солен путер, стопен – плус малку за да се премачка садот
200 гр бисквити со крем од ванила
250 мл павлака
150 гр полномасен грчки јогурт
500 гр полномасно крем сирење
3 лажици течен мед
1 лажица паста од ванила

Состојки за прелив од кајсија:

6 зрели кајсии (околу 240 гр.), преполовени и исчистени
50 гр течен мед, плус 2 лажици за истурање на тортата
1 мал портокал, кора исечена на ленти
половина мешун од ванила
чизкејк со кајсија и мед

čizkejk od kajsije i meda

Постапка:

Заоблениот калап (големина 23 см) премачкајте го со путер и обложете го со тркалезно сечена хартија за печење.
Исецкајте ги бисквитите во блендер за храна, а потоа префрлете ги во сад и измешајте ги со путерот.
Потоа, притиснете ги во тавата и ставете во фрижидер околу 10 минути.
Измешајте шлаг за да добиете фина текстура.
Во друг сад изматете ги јогуртот, сирењето, медот и ванилата – и смесата треба да биде мазна.
Потоа лесно измешајте го шлагот со шпатула и пренесете сè во калапот врз основата од бисквит.
Ставете го во фрижидер најмалку 4 часа или по можност цела ноќ.
Започнете со подготовка на кајсии. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови, а во тавата ставете кајсии, мед, кора од портокал и ванила.
Печете на средина од рерната 20 до 25 минути, додека кајсиите не омекнат, но сепак ја држат формата.
Додадете лажица вода ако медот почне да се лепи.
На крај извадете ги парчињата кора од портокал и ванила и добро изладете сè.
Извадете ја тортата од калапот и истурете го преостанатиот сок врз кајсиите.
Истурете малку повеќе мед на сè и оставете малку да исцеди од страна, ќе изгледа интересно, пренесува bbcgoodfood.com.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma