Чоко-моко торта со готови кори и кремаст фил! (РЕЦЕПТ)

popara11 август, 20211min0
4d28903e89ef84ea5c36eb672b81663d4bb603d7

Сочна чоколадна торта која лесно се прави. Со готови кори, сѐ што треба да направите е да го изматите филот.

Рецепт за чоколадна моко торта

Состојки:

  • чоколадни кора
  • 500 мл чоколадо млеко
  • 700 гр кисела павлака
  • 300 гр мелени бисквити
  • 150 гр шеќер во прав
  • 500 гр шлаг
  • 500 мл кисела вода

Подготовка:

За филот изматете го шлагот со киселата вода. Посебно изматете ја павлаката со шеќерот во прав, па додадете ги мелените бисквити. Промешајте да се соедини, а потоа додадете 4 лажици претходно изматен шлаг и промешајте. Ако е густо, додадете уште две лажици шлаг.

Земете ја првата кора и добро посипете ја со чоколадно млеко. Кога ќе се впие, намачкајте една третина од филот, а врз него нанесете една третина од шлагот. Повторете ја истата постапка со остатокот од материјалот и завршете со четвртата кора. Посипете ја со чоколадно млеко, а горниот дел украсете го со една ќесичка изматен шлаг, чоколадни трошки или украси од шеќер по ваш избор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma