ЧОРБА ОД ЛУБЕНИЦА СО СИРЕЊЕ И ЛУТ СОС: Не се вари, а нема да пробате нешто подобро ова лето!

popara30 јули, 20211min0
255097_corbaodlubenice_ls

Невообичаена комбинација на состојки во освежувачка летна супа, за чија подготовка воопшто не треба да вклучите шпорет.

СОСТОЈКИ ЗА 4 ЛУЃЕ:

440 гр пулпа од лубеница,
40 гр сливи,
40 гр краставици,
40 гр фета сирење,
4 шери домати,
дршка од целер,
лимон,
мајоран,
босилек,
мелен пипер,
екстра девствено маслиново масло,
малку лут сос,
сол , бибер.

Подготовка:

  1. Излупете го целерот и зачувајте ги младите лисја: користете лупач за компир за да ги отстраните влакната, потоа исечете го стеблото на мали парчиња и исечкајте ги лисјата.
  2. Исечете 400 гр лубеница на коцки и ставете ги во сад заедно со сок од 1 лимон, корен од целер и лисја, еден сецкан лист од босилек, неколку лисја свеж мајоран, сол, бибер и 4 шери домати исечени на половина . Оставете ја подготвената смеса да отстои триесет минути.
  3. Исечете ги сливите, преостанатата лубеница, излупената краставица исчистена од семе и фета, на коцки.
  4. Измешајте ја лубеницата со целата маринада и неколку капки сос „Табаско“.
  5. Послужете ја супата со сливи, лубеница, краставица и фета, со додавање на билки и свеж зеленчук по желба.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma