Ајкулите се едни од најстрашните суштества и за многумина претставуваат кошмар веќе на самата помисла.
Ова е поткрепено со фактот дека се снимени многу застрашувачки филмови за овој опасен и моќен предатор. Само замислете ситуација кога сте одделени од ајлука со стакло, што почнува да пукна во следниот момент ….
Посетителите на Меѓународниот музеј за шпионажа во Вашингтон веќе со години паѓаат на истиот трик и станува збор за виртуелна симулација. Едно момче кое било измамено, буквално падна. Причината е изложбата посветена на ајкулите, која стана позната поради краткото заплашување на посетителите.
Ајкулата го „скршила“ стаклото на аквариумот и се упатила кон човекот
Покрај екранот, кој наликува на аквариум, пишува „допрете на сопствен ризик“, а младиот човек се осмели да го стори тоа. Тој го допре стаклото и тоа го покрена морскиот предатор, кој го скрши аквариумот и се упати кон него. Се чинеше толку реално што момчето се струполи на подот. Сигурни сме дека никому не би му било сеедно да се најде во слична ситуација.