ЦРВЕНА ВЕЛВЕТ ТОРТА: Највкусниот и најсочен десерт кој некогаш ќе го пробате! (РЕЦЕПТ)

28 февруари, 2021
243097_shutterstock-1371116699_ls

Совршено кремасто задоволство што вреди да се направи

Состојки за кора:

250 гр брашно

2 јајца

2-3 лажици какао во прав

115 гр маргарин

300 гр шеќер

1 кесичка ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила

240 мл јогурт

половина лажичка сол

1 лажичка сода бикарбона

1 лажичка оцет

3 лажици екстракт од јагода или боја за црвена торта

За кремот ќе ви требаат:

360 мл слатка павлака

460 – 500 гр сирење маскарпоне

1 лажичка екстракт од ванила

115 гр шеќер во прав

Подготовка на корите:

Измешајте брашно, какао и сол во пластичен сад.

Во друг сад измешајте екстракт од јагода и јогурт додека не ја постигнете саканата боја.

Во третиот сад измешајте го маргаринот со миксер. Кога смесата ќе стане кремаста, измешајте ја со шеќер и ванилин шеќер сè додека убаво не се соедини и стане кремасто. Додадете две јајца и продолжете да мешате. Кога смесата ќе стане хомогена, полека додадете ја содржината на првиот и вториот сад.

Ставете сода бикарбона во чаша и прелијте ја со оцет и додајте ја во смесата за бисквитот, па измешајте. Поделете ја смесата на два еднакви делови пред печење.

Колачот треба да има 4 слоја, па затоа најдобро е да се испечат 2 кори, а по печењето, повторно да се преполови секоја од нив.

Печете на 180 степени околу 25-30 минути.

Откако малку ќе се оладат корите, ставете ги во замрзнувач околу еден час. Кога ќе се оладат, полесно ќе ги исечете.

Подготовка на кремот:

Во едниот сад измешајте ја павлаката, а во друг маскарпоне сирењето, ванилин шеќер и шеќер во прав. Кога ќе добиете хомогена смеса, постепено додајте ја изматената слатка павлака и сè повторно измешајте заедно.

Кората премачкајте ја со крем, па преклопете ја со друга кора и така сè додека не се потрошат сите кори. Можете да ја украсите тортата со свежи јагоди или малини.

Пријатно!

escort - Korsan taksi