Заводливата актерка, водителка и модел, Софија Вергара, изгледа неверојатно во шестата деценија од животот, а многу светски експерти ја класифицираат како една од најубавите жени во светот.
Со текот на годините, таа успеа да го докаже својот актерски талент, но нејзиниот беспрекорен изглед го фрла професионалниот успех во втор план.
Преку својот профил на Инстаграм, Вергара сподели интересно видео, во кое се гледа како изгледала на карневал во Мајами во 90-тите години на минатиот век.
Живата енергија, специфичниот вокал, широката насмевка и предизвикувачкиот стил ги воодушевија следбениците, а многумина и рекоа дека таа воопшто не се променила.
Дали по толку години би сакале да ја видите Софија во вакви изданија?