Дали ЕМА ќе одобри уште четири вакцини против Корона вирусот?

popara10 септември, 20211min0
796590798613a23a9cc6a1542119137_v4 big

Се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да одлучи дали ќе препорача уште четири вакцини против коронавирусот, вклучително и оние произведени од Кина и Русија, да бидат одобрени во Европа до крајот на годината.

Шефот на одделот за стратегија за вакцинација при ЕМА, Марко Кавалери, вели дека агенцијата во моментов ги разгледува резултатите од вакцините произведени од германската фармацевтска компанија КјурВак и американската компанија Новавакс, пренесува агенцијата АП.

Кавалиери рече дека разговорите со кинеските и руските производители на вакцини биле „конструктивни“, но дека се потребни повеќе податоци.

Службениците на Агенцијата планираат да разговараат за дозите на вакцини со двете компании во наредните недели.

Претходно оваа година, КјурВак рече дека нејзината вакцина е помалку од 50 проценти ефикасна, додека Новавакс рече дека нејзината вакцина е околу 90 проценти ефикасна.

Новавакс рече дека прво ќе побара одобрување за нејзината вакцина за земјите во развој и дека нема да се фокусира на Европската унија или пазарот во Соединетите држави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma