Да се дозволи или да не се дозволи миленичето да спие во кревет со вас е вечна дилема за сопствениците на миленичиња ширум светот.
Ваше е да одлучите дали ќе дозволите мачката или кучето да споделат „кревет“ со вас. Како по правило, тоа не им значи ништо (ако сте ги воспитувале така и сте биле конзистентни од рана возраст), но најновото истражување покажа дека луѓето кои спијат со куче или мачка се чувствуваат побезбедно. Со самото тоа и посреќно, и како конечен резултат, доаѓа подобар сон.
Дејли Мејл пишува дека тоа било потврдено со истражување спроведено на 150 пациенти. Го спроведоа експерти од клиниката Мајо, од одделението каде доаѓаат луѓе кои имаат проблеми со спиењето.
Ако не дозволите кучињата или мачките да спијат на вашиот кревет, не сте единствените. Од 150 испитаници вклучени во студијата, 56 проценти спијат со домашно милениче, додека останатите не им ја дозволуваат на домашните миленици таа привилегија.
А дали вашите кучиња или мачки спијат со вас во кревет?