Холивудскиот продуцент Тарантино се заколна дека нема да и дава пари на неговата мајка, бидејќи таа го исмевала во детството
Американскиот сценарист, филмски режисер и критичар, продуцент и актер Квентин Тарантино откри дека не и помага финансиски на својата мајка бидејќи таа ги исмевала неговите способности за пишување.
Тој беше награден со Оскар и денес има вредност од 120 милиони долари. Меѓутоа, од дванаесетгодишна возраст се заколнал дека нема да ги подели парите со неговата мајка, која сега има седумдесет и две години. Тој се уште се придржува до тие одлуки.
Гостувајќи во подкастот „The Moment“, тој се потсети на деталите како таа ги поддржувала наставниците кои го прекориле за пишување на едно сценарио.
Мајка му уште одамна велела дека неговите вештини за пишување се сра*е, а тој и одговорил дека нема да види ниту денар од неговиот успех во иднина.
Квентин ја започна својата кариера како независен режисер со објавувањето на „Reservoir Dogs“ во 1992 година, кога доби пофалби од критичарите.