Луѓето често не ја разбираат разликата помеѓу емоционалнaта и физичката глад, а резултатот е прејадување.
Физичкaтa глад е кога јадете за да ја задоволите гладта, за што вашето тело испраќа сигнали.
Симптомите на физичкa глад вклучуваат надуеност, летаргија, низок шеќер во крвта и вртоглавица.
Емоционалната глад значи дека јадете со чувство, односно за да ја задоволите желбата за одредена храна, а не поради сигналите испратени од вашето тело.
Емоционалната глад се јавува поради чувство на досада, стрес, тага или осаменост.
Физичкaтa глад значи дека треба да му обезбедите на телото гориво преку храна за да продолжи да функционира нормално, додека емоционалната глад сака да го задоволите за да се чувствувате подобро, пишува „Times of India“.
Физичката глад се појавува бавно, додека емоционалната глад е ненадејна и итна.
Можете да ја изгасите физичката глад со секаков вид храна, додека емоционалната глад можете да ја изгасите со одреден вид храна, било да е тоа сладолед, пица или чоколадо.
Физичката глад престанува во моментот кога јадете, додека емоционалната глад не престанува додека буквално не се преоптоварите со храна, за подоцна да се чувствувате надуено и да ви е тешко да се движите.
И, конечно, задоволувањето на физичката глад резултира со задоволство, додека задоволувањето на емоционалната глад го буди чувството на вина.